Бизнис
АМЕРИКАНЦИТЕ СЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ЗА БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ
29.11.2024
Американците оваа година планираат да потрошат повеќе за божиќни и други празнични подароци, покажува традиционалната анкета на агенцијата Галуп.
Американците ќе потрошат во просек по 1.000 долари за празнични подароци, покажува истражувањето на Галуп спроведено од 6 до 20 ноември.
Во ноември минатата година изјавиле дека на подароци во просек ќе потрошат по 975 долари, пренесува „Мина“.
Продажбата за празниците расте од година во година, во просек од четири проценти годишно од 2000 година, според податоците на Асоцијацијата на малопродажни компании.
фото freepic