Бизнис

ОД ДЕСЕТ НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО ЦРНА ГОРА ШЕСТ СЕ ИСПЛАТЕНИ НА СТРАНЦИ

06.12.2024

Меѓу десет најдобро платени лица во Црна Гора, четворица се црногорски државјани, додека шестмина се странци кои се вработени во секторите за изнајмување на недвижности и во хотелиерството.

Според податоците на Даночната управа, кои се објавени од порталот „Банкар“, највисока пресметана бруто плата во 2024 година изнесува 187.308 евра, која е исплатена на црногорски државјанин. По одбивањето на даноците на сметката му се исплатени околу 140 илјади евра. Оваа плата е заработена во дејсноста „неспецијализирана трговија на големо“.

Оваа плата е еднаква на висината на 148 просечни месечни плати во Црна Гора, која изнесува 944 евра.

Годинава четворица граѓани во Црна Гора примиле плата над 100.000 евра.

На второ место по висината на исплатена плата од 130.000 евра е странец кој се занивала  со изнајмувае на сопствени или изнајмени недвижности.

На трето место е државјанин на Црна Гора кој работи во дејноста монетарно посредување со бруто плата од 152.456 евра.

За 10 најголеми плати во 2024 година биле пресметани даноци во износ од 200 илјади евра.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано