Бизнис

„ПЛОЧКАРИТЕ“ ЗАРАБОТУВААТ ПОВЕЌЕ ОД ИНФОРМАТИЧАРИТЕ ВО СРБИЈА

06.12.2024

Мајсторите за поставување на плочки во Србија со три до четири договорени работи во месецот заработуваат повеќе од информатичарите. Просечната месечна заработка на српските „плочкари“ достигнува до три илјади евра, додека добрите мајстори имаат закажани работи за шест месеци однапред.

Просечната заработувачка на овие мајстори е околу 1.500 вера. Цената на поставување на еден квадрат плочки окоу 20 евра, во тое не влегува подготовката, хидроизолацијата и водоводните и одводните инталации.  За поставување на плочки во купатило од 30 метри квадратни метри или од 600 до 1.000 евра за работна рака, објави „Мондо.рс“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано