Бизнис
ЗА ПРОСЕЧЕН СТАН ВО ХОЛАНДИЈА ПОТРЕБНИ СЕ НАД ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА
13.12.2024
Просечните цени на становите во Холандија следната година ќе се зголемат за 7,5 проценти и за просечен стан ќе треба да се платат 520.000 евра, се вели во прогнозата на холандската централна банка DNB.
Платите во Холандија растат, каматните стапки на хипотеките се намалуваат, а недостигот на станови е постојан, а овие фактори ќе доведат до уште поголема конкуренција на пазарот на недвижности и повисоки цени, додаваат од банката.
Според прогнозата, цените на становите во Холандија ќе продолжат да растат во 2026 година за повеќе од четири отсто, па нивното темпо на раст ќе биде значително побрзо од просекот во еврозоната.
Новата градба ќе помогне да се намали недостигот на станови во наредните години, но планот на холандската влада за изградба на 100.000 станови годишно не е остварлив на краток рок.
Холандската централна банка објави дека тамошната економија ќе порасне за 0,9 проценти оваа година и за 1,5 проценти во 2025 и 2026 година, додека годишната стапка на инфлација во Холандија ќе се движи околу три проценти, пренесува Б92.
фото freepic