Финансии / Банкарство
ВРЕДНОСТА НА ДОЛАРОТ РАСТЕ ШЕСТА НЕДЕЛА ПО РЕД
12.01.2025
Вредноста на американскиот долар во однос на кошничката на светски валути се зголеми минатата недела и тоа е шеста седмица по ред. Растот на доларот се случува по информациите дека американската централна банка годинава ќе го забави темпото на намалување на каматните стапки.
Индексот што ја покажува вредноста на американската валута кон шесте најважни валути се зголеми за 0,7 отсто и изнесува 109,64 бода. Курсот на еврото кон доларот се намали за 0,6 отсто и едно евро се разменуваше за 1,0244 долари.
Забавување на темпото за намалување на каматните стапки се должи на стабилниот раст на американската економија и добрите индикатори на пазарот на труд во САД. Вработеноста во декември се зголеми за 256.000 работници, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic