Бизнис
ВО ФРАНЦИЈА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ЗА ФРАНЦУСКИТЕ ФИЛМОВИ БЕЛЕЖИ РЕКОРДИ!
12.01.2025
Во Холандија посетеноста на кината во 2024 година забележила намалување во споредба со 2023 година. Лани продажбата на билети е намалена за седум отсто на 29 милиони, а причината е што во холанските кина биле прикажувани релативно помали филмски хитови.
За разлика од Холандија, продажбата на билети во кината во Франција се зголемила за 0,5 отсто. Ова е стабилизирање во однос на 2023 година кога посетеноста на кината пораснала за 16 отсто. Лани од продажбата на 181 милион билети била остварен приход од 1,36 милијарди евра.
Француската домашна филмска индустрија забележила добар приход, со учество од 44 отсто од продадените кино билети. Ова е 15 годишен рекорд во прикажувањето на француските филмови. Вложувањата во домашната филмска продукција подолг период е приоритет на француското министерство за култура. За филмовите „Un p’tit truc en plus“ и „Le Comte de Monte-Cristo“ се продадени околу 10 милиони билети и тие се меѓу филмовите со најголема заработка во Франција.
Во Велика Британија продажбата на билети во кината е се уште е помала за 22 отсто од пред пандемијата во 2019 година. Во 2024 година во земјата приходот од прикажувањето на филмовите изнесува 1,28 милијарди евра што е намалување во однос на 2023 година. Британците повеќе гледале филмови од холивудската продукција. Британските филмови се 23 отсто од пазарниот удел, но е под учеството на француските филмови.
Во Италија продажбата на билети во кината е стабилна со 70 милиони продадени билети и со заработка од 494 милиони евра. Во Шпанија биле продадени помалку кино билети за два отсто со приход од 477 милиони евра, пренесува „Пословни дневник“.
фото freepic