Бизнис

ЈАПОНЦИТЕ ПОМАЛКУ КУПУВАЛЕ Е-АВТОМОБИЛИ, ПРИЧИНАТА Е...

13.01.2025

Продажбата на автомобили на електричен погон во Јапонија во 2024 година се намали за дури 33 отсто! Ова е прво годишно намалување на продажбата на електричните возила во последните четири години.

Во Јапонија секоја година се продаваат над четири милиони возила, додека лани јапонските возачи се одлучиле за купување на  59.736 е-автомобили. Минатата година имало намалување на вкупната продажба на нови автомобили за седум отсто во однос на 2023 година, кога биле продадени 4,42 милиони возила.

Возниот парк на електрични возила во Јапонија изнесува малку над еден отсто од вкупниот пазар на автомобили. Јапонските возачи најлесто се одлучуваат за купување на хибридни возила.

Покрај високата инфлација за големиот пад на продажбата на автомовили во 2024 година влијание има и одлуката на јапонската влада за прекинување на производството на е-автомобили, поради фалсификување на тестовите за перформансите на електрични возила, пренесува РТС.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано