Бизнис
КОЈ ИМА ПРАВО ДА ПРОДАВА ПРОИЗВОД ПОД НАЗИВОТ „ДУБАИ ЧОКОЛАДО“, ОДЛУЧИ СУДОТ ВО КЕЛН
13.01.2025
Судот во Келн им забрани на две компании да ги рекламираат своите чоколадни производи како „Дубаи чоколадо“, осве ако прозиводите не доаѓа од Дубаи. Во две постапки судиите одлучиле дека со производите со овој назив ги збунуваат потрошувачите, затоа што просечниот купувач заклучува дека овие чоколада се произведени во Дубаи! Германските судови одлучувале по пријавата на овластениот увозник на овој производ за германскиот пазар. Ексклузивниот увозник се повикал на законот за жигови, со кој се забранува употреба на географски ознаки ако производите не потекнуваат од наведениот регион, пишува „Бизпортал“.
Во изминатите месеци чоколадото од Дубаи станува популарно меѓу потрошувачите во светот и во Европа, а бројни трговски компании и производители се обидуваат да пласираат свои верзии на овој сладок производ.
фото freepic