Земјите во Европа применуваат различни начини за подобрување на електрификацијата на сообраќајот за да се поттикне купувањето на електрични автомобили. Така, владата на баварската покраина одлучи возачите на електрични автомобили да можат бесплатно да паркираат на јавни паркинг места во одреден временски период.
Оваа одлука која има за цел да поттикне поголема употреба на електричните автомобили, ќе почне да се применува од 1 април оваа година и ќе биде на сила до крајот на 2026 година. Возачите на електричните возила ќе можат бесплатно да паркираат до три часа севкупно јавни паркинг места во Баварија.
Владата одлучи да воведе бесплатен паркинг за електрични возила со батерии и за хибридни електрични возила со приклучок. Сопствениците на овие автомобили ќе можат да паркираат секаде каде што има слободен простор, бидејќи сметале дека не е неопходно да се обележат посебни места, пренесува „Енергетика.ба“.
фото freepic