Општество

Секој електронски документ изработен од државен орган може да се користи во печатена форма

24.01.2025

Секој електронски документ кој е изработен од државен орган, може да се користи во неговата печатена форма, исто како и оригинален документ, вели Стефан Андоновски, министерот за дигитална трансформација. 

- Претпоставуваме дека ќе постои отпор или незнаење кај одредени институции, затоа имаме двоен пристап, едниот со кој што ќе им објасниме на институциите како да ги прифаќаат документите, и второ, подготвуваме упатство за граѓаните како да си ги заштитат своите права, во случај да не можат, да знаат кој е начинот на кој што може да делуваат, дали на самото место или да го контактираат нашето Министерство, изјави Андоновски на новинарско прашање за „360 степени“.

 

ПРЕПОРАЧАНО