Општество
Предложен нов амбасадор во Франција
29.01.2025
Игор Николов, советникот за здравствена политика на премиерот Христијан Мицковски, ќе биде нов амбасадор на земјава во Франција.
- Проф. др. Игор Николов, тој беше мој советник во делот на здравствената политика, чиј што договор ќе престане, бидејќи во текот на вчерашната седница беше предложен од Владата да биде нов амбасадор на нашата држава за Франција, изјави Мицкоски во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром каде беше симулиран сајбер хибриден напад, објави МИА.