Бизнис

НОРВЕШКИОТ ДРЖАВЕН ФОНД ПРОФИТИРА ОД РАСТОТ НА АКЦИИТЕ НА ТЕХНОЛОШКИ КОМПАНИИ

29.01.2025

Норвешкиот државен фонд, најголемиот од ваков вид во светот, објави профит од 222 милијарди долари за минатата година, пренесоа светските медиуми. Минатогодишниот профит го надмина рекордот поставен минатата година од речиси 200 милиони долари, а беше постигната стапка на поврат од 13 проценти.

Според извештајот за минатата година, фондот го остварил својот профит тргувајќи со растот на технолошките акции на американската берза.

Norges Bank Investment Management (NBIM), управува со фондот во име на граѓаните на Норвешка. Фондот е основан во 1990-тите кога во него почнаа да се влеваат приходи од експлоатација на гас и нафта од Северното Море.

Фондот моментално е инвеститор во повеќе од 8.000 компании во повеќе од 63 земји, пренесува „Данас“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО