Бизнис

НОРВЕШКА ВОВЕДУВА ТУРИСТИЧКИ ДАНОК ЗА ПАТНИЦИТЕ СО КРУЗЕРИ

01.02.2025

Норвешката влада ја разгледува можноста за воведување на туристички данок за патниците со крузери, што  ќе  го намали масовниот туризам  и ќе придонесе за заштита на природата. Бројот на крузери во норвешките фјордови се зголеми за три пати во периодот од 2010 до 2023 година и достигна 3.445 пристигнувања во една година.

Исланд веќе воведе плаќање на туристички данок во износ од 1.000 исландски круни за секое ноќевање  за секој патник (околу седум американски долари).  

Според предлозите во Норвешка, секоја општина може сама да ја одредува висината на таксата, но во износ до максимум од 5 отсто од цената на ноќевањето. Средствата ќе се користат за изградба на одржлива туристичка инфраструктура, која се користи од туристите и од локалното население.

Претставниците на хотелиерскиот сектор сметаат дека хотелите не се главната причина за туристичкиот метеж. Најголем предизвик, според нив, се  еднодневните патници кои доаѓаат со автобуси, автомобили или со крузери, пренесува „Блиц“.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО