Општество
ДО ПОЧИСТ ВОЗДУХ СО ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ ПЛАТИ, предлог на струмичкиот градоначалник
03.02.2025
Доколку сите ние во законска рамка се согласиме да ни се намалат платите по 12.000 денари и притоа истите никако да не се покачуваат би генерирале заштеди во висина од 24.000.000 денари или околу 400.000 евра месечно. Овие средства ќе бидат сосема доволни за имплементација на итни мерки, субвенции за населението, особено за цената на гасот, котли за гас, продолжување на секундарната гасификација, говорам за Струмица, објави синоќа на неговиот фејсбук профил градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Според струмичкиот градоначалник, во услови на ектремни цени, има реална можност да се прогласи економска криза, мерка со која би се замрзнале платите на функционерите.
Извор/фото МИА