Вести

ЗА ВИКЕНДОТ СО МИНУСНИ УТРИНСКИ ТЕМПЕРАТУРИ

07.02.2025

Денеска наутро времето во земјава е студено со услови за појава на магла по котлините, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поизразена во источните и југоисточните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура  се движи во интервал од минус седум до три Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од два до 10 степени. 

 Во Скопје се очекува слично време, со студено утро и услови за појава на слаба магла. Преку денот ќе биде претежно сончево со мала облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе се искачи до 10 Целзиусови степени.  

Според Управата за хидрометеоролошки работи, и во деновите од викендот ќе се задржи стабилното и суво време со студени утра и температури под нулата. Дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината.  По котлините и долж Повардарието ќе наутро има услови за појав на магла и зголемена ниска облачност.  

 

 

ПРЕПОРАЧАНО