Бизнис

СЕКОЈ ВТОР ВРАБОТЕН ВО СРБИЈА БАРА ПОДОБРА РАБОТА!

08.02.2025

На Србија во следната деценија ќе и недостигаат меѓу 80.000 и 100.000 работници, покажува анализата на Институтот за развој и иновации.

Во Србија невработеноста се намалува, а на работодавачите им е се потешко да најдат и задржат квалитетен кадар. Поради тоа 54 отсто од вработените во Србија размислуваат да ја напуштат сегашната работа во потрага по подобра.

- Реалноста ни кажува дека, во просек, половина од вработените во Србија активно бараат друга работа за време или надвор од работното време, вели Сандра Рапо, консултант и автор на Програмата за благосостојба на вработените, во разговор за „Бизнис.рс“.

Дигитализацијата и достапноста на платформите за барање работа за човечки ресурси им  олесниле на вработените да аплицираат за голем број други работни места. За многу краток временски период, без да одат на состанок, може да се препорачаат на друг работодавач, а онлајн тестирањето и интервјуата ја поедноставија постапката за конкурирање за ново работно место

„Регионално истражување на пазарот на трудот 2024“, спроведено од  Инфостуд покажува дека платата, добрите меѓучовечки односи и можностите за учење и напредување се на врвот на листата на барања на работниците. потоа следат другите услови:  локацијата на компанијата, општествената одговорност и имиџот на работодавачот.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО