Бизнис

СТУДЕНОТО ВРЕМЕ ГО ПОСКАПЕ ГАСОТ НА ЕВРОПСКАТА БЕРЗА

08.02.2025

Цената на природниот гас вчера на европската берза ТТФ го достигна највисокото ниво во последните две години. Од 1 јануари транзитот на руска енергија во Европа преку Украина е прекинат, а студеното време ја зголеми побарувачката и ги намали залихите во магацините. Цената на гасот надмина 54,5 евра за мегават-час, што е околу 580 долари за 1.000 кубни метри.

Прелиминарните пресметки од 31 јануари покажуваат дека испораките преку „Турски поток“ или „Балкански тек“ надминале 50 милиони кубни метри дневно во првиот месец од оваа година, што претставува зголемување од 27 отсто во однос на истиот период во 2024 година.

Обемот на снабдувањето исто така е зголемен за два отсто во однос на декември. Извозот на гас во јануари достигна 1,57 милијарди кубни метри, наспроти 1,24 милијарди кубни метри во истиот месец минатата година. Гасоводот има годишен капацитет од 15,75 милијарди кубни метри, пренесува „Новости“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО