Бизнис

НОВИТЕ САНКЦИИ ЈА ПОСКАПЕА НАФТАТА

08.02.2025

Цените на нафтата на меѓународните пазари се зголемија до 75 долари поради американските санкции врз иранските нафтени превозници, а во позадината остана загриженоста на трговците за побарувачката по трговскиот спор меѓу САД и Кина. На лондонскиот пазар цената на барел нафта денеска  беше за 51 цент повисока од вчерашното затворање на берзата. Сегашната цена изнесува 74,80 долари за барел. Речиси за исто толку порасна цената на барелот на американскиот пазар каде се тргуваше по 71,21 долари.

Пазарите беа преокупирани на крајот на неделата со новите американски санкции за иранските нафтени превозници. Американското Министерство за финансии во четвртокот објави дека вовело санкции за мрежа на компании и поединци кои транспортираат иранска нафта во Кина, по најавата на претседателот Доналд Трамп дека има намера да користи строга политика за да го отвори патот за договор со Техеран за неговата нуклеарна програма, пренесе „Индекс“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО