Општество

ЗА 24 ЧАСА ПРЕКУ СМС НА ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ИМ ДОАЃА СЛИКА СО СООБРАЌАЈНИОТ ПРЕКРШОК, најави министерот Тошковски

09.02.2025

Нов пристап за сообраќајни прекршоци преку СМС известувања и камери на црни точки, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на трибината со наслов „Суштината на проблемот - лоши закони или лоша примена?“. Според Тошковски, тие решенија ќе обезбедат транспарентност, фер третман за сите прекршители и зголемена ефективност во примената на закони.

Тој рече дека уште од првиот ден на формирањето на Владата се работи на имплементација на системот „безбеден град“, што треба да обезбеди системско решение за проблемите од минатото, каде што сите прекршители ќе бидат евидентирани и ќе се преземат соодветни мерки.

Министерот истакна дека најголемиот проблем при имплементацијата на проектот се судовите, бидејќи судската заштита за секој прекршок што бара одземање дозвола или поголема глоба е неизбежна, а бројките на сообраќајни прекршоци се катастрофални.

Тој се осврна и на поставувањето камери на „црни точки“ за зголемување на сообраќајната култура и спречување прекршоци.

Министерот рече дека се предвидува ефикасна постапка со СМС известувања за прекршок, каде прекршителот ќе може да потврди прекршок со линк и слика во рок од 24 часа.


 

Извор МИА

фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО