Економија

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО УРИВА РЕКОРДИ И СЕ ПРИБЛИЖУВА ДО ГРАНИЦАТА ОД 3.000 ДОЛАРИ

09.02.2025

Цената на златотот на светските берзи урива рекорди и се приближува до историската граница од три илјади долари. Во петокот една унца злато се продаваше за 2.880 долари, што е речиси десет отсто повеќе од вредноста на почетокот на годината. Загрижени дека царините на Трамп ќе и наштетат на трговијата со благородни метали, големите инвеститори се повеќе го преместуваат своите „златни резреви“  од Европа во САД, што предизвика ценовни шокови на страната на понудата. .

Дури 64 тони злато во декември заминаа од Швајцарија во САД, а се празнат и златните резерви во Лондон.

Во меѓувреме, њујоршката берза COMEX ги зголеми златните резерви за 123 тони во декември и за дополнителни 290 тони во јануари.

Ова е најголем месечен пораст од мај 2020 година, врвот на епидемијата. Во моментов има повеќе од 1.000 тони злато складирани на COMEX, 75 отсто повеќе отколку на почетокот на ноември, кога победи Доналд Трамп на претседателските избори во САД, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО