Економија
Про Aгенс: Нов износ на МИНИМАЛНАТА плата почнувајќи од месец МАРТ 2025 година
25.02.2025г
Доколку не се постигне договор меѓу Синдикатот и Работодавачите за повисока минимална плата од онаа која се утврдува согласно со Законот за минимална плата (Сл. весник“, бр. 11/12, 30/14, 180/14, 81/15, 129/15, 32/17, 140/18, 124/19, 239/19 и 41/22), НОВАТА МИНИМАЛНА ПЛАТА која ќе се применува за периодот МАРТ 2025 - ФЕВРУАРИ 2026 година е веќе позната.
Службениоте податоци за новата минимална плата во текот на месец март ќе ги објави надлежниот Министер (за економија и труд), по претходно мислење на Економско-социјалниот совет.
Со оглед на познатите податоци за пресметување, како и секоја година Про Агенс веќе ја пресмета МИНИМАЛНАТА НЕТО и БРУТО ПЛАТА којa ќе се применува од месец МАРТ 2025 година
Методологија за пресметкување на усогласувањето (зголемувањето) на минималната плата:
Порастот на минималната бруто плата се утврдува како збир од следните два податока:
50% од порастот на трошоците на живот за 2024 година и
50% од порастот на просечно исплатената НЕТО плата во МКД за 2024 година.
Порастот на трошоците на живот за 2024 година е позната големина и изнесува: 3,5%.
Порастот на нето платата за 2024 година исто така е познат и изнесува: 12,6%.
Почнувајќи од платата за месец МАРТ 2025 година МИНИМАЛНАТА ПЛАТА се зголемува за 8,05%.
Нови износи на МИНИМАЛНАТА ПЛАТА од месец МАРТ 2025 година
Минимална НЕТО плата = 24.379 денари
Минимална БРУТО плата = 36.037 денари
[Придонеси (28%) = 10.090 денари; Данок на доход (10%) = 1.568 денари]
Минималната НЕТО ПЛАТА има раст од 1.739 денари.