Вести
СУШЕН ПЕРИОД ВО ФЕВРУАРИ, Нивото на водата во Охридското Езеро под просекот
26.02.2025
Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи се наоѓа на котата 693,15 метри надморска височина или 24 сантиметри под просекот. Денешниот водостој на езерото е само шест сантиметри над дозволениот минумум.
Неповолните временски услови со малку врнежи дополнително придонесуваат за нискиот водостој.
На почетокот на декември минатата година нивото на водата во езерото беше спуштено дури два сантиметри под минимално дозволената кота утврдена на 693,10 метри.
Промените во водостојот на езерото најмногу се манифестираат во крајбрежниот појас, што според експертите е најважниот дел од езерскиот еко-систем.
Извор/фото МИА