Општество

ВЕЛЕШАНИ СО НАЈМНОГУ РАЗВЕДЕНИ БРАКОВИ, СЛЕДАТ ГОСТИВАР И ЖЕЛИНО!

Бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со истиот период од 2023, е намален за 4.2 % и изнесува 3 968. Бројот на умрените лица, пак, за истиот период бележи намалување од 1.0 % и изнесува 5 174 лица, а од нив 10 се умрени доенчиња, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Природниот прираст е негативен и изнесува -1 206, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 14.7 % во споредба со истиот период од 2023 година и изнесува 2 430 бракови.

Во ова тримесечје од 2024 година е регистриран 601 разведен брак, што претставува зголемување од 23.9 % во споредба со истиот период од 2023 година.

Во Велес во набљудуваниот квартал биле склучени 64 брака, а биле прекинати 31 брачна заедница. Во Гостивар имало склучено 81 брак, а 27 биле разведени бракови. Во Желино во овој квартал биле склучени 39 брака и прекинати 19 брачни врски.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано