Вести
Кампањата ,,Корени и крилја - европска диплома дома", бесплатни школарини од УКЛО- Битола и амбасадата на НР Кина
28.02.2025
УКЛО - Битола и амбасадата на НР Кина во Скопје доделија 40 бесплатни едногодишни школарини за студенти од битолскиот Универзитет.
Школарините ги добија студенти избрани во три категории, односно студенти со најдобар просек во студирањето, најдобри студентски трудови и студентска извонредност.
- Сметаме дека на овој начин ги мотивираме постојните студенти да бидат уште подобри во исполнувањето на своите наставни обврски, но и да бидат активни во УКЛО заедницата. Исто на овој начин сакаме на средношколците да им посочиме дека студирањето на УКЛО е предизвик бидејќи можат да добијат квалитетна европска настава и дополнителни мотивирачки поволности. Средствата ги обезбедивме во соработка со амбададата на БР Кина во Скопје, истакна ректорот Игор Неделковски.
На свечноста во Битола, ректорот на УКЛО, Игор Неделковски ја најави кампањата ,,Корени и крилја - европска диплома дома" со џел младите да студираат во Република Македонија и да не ја напуштаат во странство.
Извор/фото МИА