Вести

ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕНО ВОЗИЛО НА СЕМАФОРОТ КАЈ ПИНТИЈА

05.03.2025

Денеска попладне изгоре возило кое се движело на булеварот „Борис Трајковски“, од правец на Драчево кон центарот на Скопје. Возачите кои поминувале со своите возила (околу 15,30 часот) го регистрирале опожареното возило, кое е целосно хаварисано, а кое беше на десетина метри од семафорот кај населбата Пинтија.

Во истото време полициски екипи вршеа увид на  друго возило кое  „стоеше“ од другата страна на семафорот од страната на Драчево.

Пожар на две патнички моторни возила бил пријавен денеска кај фабриката Охис за што интервенирала единицата на Против - пожарната бригада на Град Скопје. Нема повредени.

- Во 13:20 мин. добиена е дојава за настанат пожар на две возила „рено кангу“ и БМВ на главниот влез пред фабриката Охис. Интевенирано е со едно против пожарно возило со тројца пожарникари. Интервенцијата е завршена во 14:10 минути. Пожарот првично е настанат кај возилото „рено“ на кое при движење му истекувало бензин од резервоар што е причина за пожарот за второто возило, изјави за МИА командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески.

Тој додаде дека од пожарот настаната е материјална штета на двете возила. 

Во исто време денеска имало уште две интервенции на патнички возила. Како што информира командирот на ППБ, едното било на бул. „Св Кирил и Методи“ каде било опожарено патничко моторно возило матиз, а другото патничко возило било на територијата на Општина Чаир.

Денеска  имало интеревенција и на опожарена куќа во с. Буковиќ и на резервоари на бензиска пумпа во општина Бутел. 


 

 

Фото: Економија и бизнис

ПРЕПОРАЧАНО