Економија
ПОМАЛКУ НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ВО САД
05.03.2025
Растот на вработеноста во приватниот сектор во САД нагло забави во февруари, покажа Националниот извештај за вработување на АДП. Минатиот месец приватниот сектoр создаде само 77.000 нови работни места, што е значителен пад од ревидираната бројка од 186.000 во јануари. Економистите анкетирани од „Ројтерс“ очекуваа приватното вработување да се зголеми за 140.000, по претходно пријавените 183.000 нови работни места во јануари.
Извештајот на АДП, кој е изработен во соработка со Stanford Digital Economy Lab, е објавен пред да биде презентиран официјалниот извештај за работните места во февруари, кој ќе биде објавен во петок од Бирото за статистика на трудот на Министерството за труд на САД.
Се очекува стапката на невработеност во САД да остане непроменета на четири проценти. Во јануари приватниот сектор додаде 111.000 работни места, пренесува „Бизнис.рс“.
фото freepic