Економија

ВО МАКЕДОНИЈА ИМА 94 795 НЕВРАБОТЕНИ

Стапката на невработеност во државава во четвртиот квартал лани изнесува 11,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според ДЗС, стапката на активност во овој период е 52,5, а стапката на вработеност 46,2.

Во четвртото тримесечје од 2024 година, активното население во државава  изнесува 795 321 лице, од кои вработени се 700 526, а 94 795 лица се невработени. 

За споредба во вториот квартал 2024 година, според податоците објавени на ДЗС, бројот на вработените  изнесувал 691736, а бројот на невработени изнесувал 98416. Бројот на активно населени во вториот квартал изнесувал 790 152 лица.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано