Економија
РАСТЕ ИЗВОЗОТ ЗА 5 ОТСТО, РАСТЕ УВОЗОТ ЗА 5,9 ОТСТО
07.03.2025
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2025 година, изнесува 35 635.8 милиони денари и бележи пораст од 5,0 % во однос на истиот период од претходната година. Како што соопштува Државниот завод за статистика, вредноста на увезената стока, во јануари 2025 година, изнесува 52 262,1 милион денари, што е за 5,9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во јануари 2025 година, изнесува 16 626.3 милиони денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2025, изнесува 68.2 %.
Во јануари 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Кина.
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во јануари 2025 година, изнесува 578.9 милиони евра и бележи пораст од 5,1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 849.1 милион евра, што е за 6.1 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во јануари 2025 година, изнесува 270,1 милион евра.
фото freepic