Вести

Амбасадорот Тупанчевски ќе ги посети повредените од пожарот во Кочани кои се префрлени во Србија

07.03.2025г

Maкедонскиот амбасадор во Белград, Никола Тупанчевски денеска ќе ги посети повредените во пожарот во Кочани кои се префрлени во Ургентниот центар во Белград и во Воено-медицинската академија, јави МИА од Белград.
Во Амбасадата во главниот град на Србија е отворена книга на жалост. Од вчера голем број граѓани палат свеќи пред македонската Амбасада. 

Во поширокиот дел од центарот на Белград се поравени знамиња на Република Северна Македонија и на Србија, јави МИА од Белград
Во Ургентниот центар во Белград ноќеска се примени 9 повредени лица од пожарот во дискотека во Кочани, од кои две се на Интензивна нега, а едно е со повреди исклучително опасни по живот. 
На ВМА во Белград од Скопје синоќа се префлени тројца пациенти со авион на Армијата на Србија


извор МИА

 

ПРЕПОРАЧАНО