Lifestyle
За oпасно возење во Велика Британија можен и доживотен затвор
17.03.2025
Возачите кои предизвикуваат нечија смрт со опасно возење или возење под дејство на алкохол или дрога би можеле да се соочат со доживотен затвор во Велика Британија, според плановите на британската Влада.
Максималната казна за предизвикување смрт со брзо возење, тркање или користење на мобилен телефон ќе биде зголемена од 14 години затвор на доживотен затвор, со што тој престап се поистоветува со убиство, пренесува британски „Индипендент“.
За одвоен престап, кој доведува до смртен исход поради возење под дејство на алкохол или дрога, казната се зголемува од 14 години на доживотен затвор.
Владата исто така ќе воспостави казна за прекршок - предизвикување повреда на друго лице со несовесно возење, додека допрва треба да одлучи за максималната казна, забележува лондонскиот весник. Новите мерки се воведуваат во Велика Британија по владините консултации за казните во врска со смртните случаи и сериозните повреди поврзани со возењето, пренесува МИА.