Општество

СЕ ЗГОЛЕМУВА ВРЕДНОСТА НА КАПИТАЦИСКИОТ БОД ЗА МЕДИЦИНСКИТЕ РАБОТНИЦИ

Вредноста на капитацискиот бод за општа медицина и гинекологија ќе се зголеми од 75 на 100 денари или за 33 отсто, додека за стоматологија од 61 на 75 денари или за 23 проценти. Донесена е одлука за зголемување на капитацискиот бод за матичните доктори од општа медицина, гинекологија и стоматологија, почнувајќи од април годинава, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.

Како што истакна Мицкоски на прес-конференција во Владата, зголемувањето на капитацијата ќе значи повисоки плати и помотивирани лекари.

- Ова зголемување доаѓа по повеќегодишна стагнација во периодот од 2019 до 2022 година кога бодот иснесувал 63 и 48 денари, рече премиерот.

Тој по повод Светскиот ден на здравјето им се заблагодари на сите лекари за посветеноста и работењето, нагласувајќи дека Владата ќе продолжи да го зајакнува здравствениот систем.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано