Lifestyle
ЛЕТНИТЕ ДЕСТИНАЦИИ ЗА ЗАБАВА НЕ СЕ ПРИВЛЕЧНИ ЗА ГЕНЕРАЦИЈАТА Z
08.04.2025
Мнозинството од помладите патници не сакаат да одат на забавни патувања со пријателите, туку се одлучуваат за сосема различни дестинации. Нивниот избор е патувања каде што ќе ги збогатат своите искуства, а ќе вклучат и некои помалку познати дестинации.
Забавните одмори и хедонистичките патувања се помалку привлечни за генерацијата Z, но и за милениумците. Според новите истражувања, припадниците на двете генерации повеќе би сакале да прошетаат низ централноазиските степи отколку да уживаат во забавата на островите.
Според истражувањето спроведено од хотелската групација Генератор, земјите како Монголија и Узбекистан се на врвот на листата на најпопуларни нови дестинации за туристите на возраст меѓу 20-44 години.
Во истражувањето спроведено на повеќе од 1.000 британски патници, 26 отсто од анкетираните членови на генерацијата Z и милениумците веруваат дека присуството во „рајот“ за летните забави Ибица, е преценето. Причините се во проблемите со прекумерниот туризам и високите цени на пијалоците.
Речиси 10 отсто од анкетираните размислуваат за Монголија како нивна следна дестинација, а дополнителни 5 отсто се насочени кон поранешната советска држава Узбекистан.
Кога се гледа пошироката слика за туризмот, промената во интересот на туристите е кон помалку традиционални дестинации. Според извештајот на SOTI за 2025 година, членовите на генерацијата Z трошат просечно 10.059 евра по патување, повеќе од која било друга генерација, пренесува Нова.рс.
фото freepic