Економија

ОД УТРЕ КИНА ГИ ЗГОЛЕМУВА ЦАРИНИТЕ ЗА УВОЗОТ ОД САД

Кина најави дека од утре ќе воведе дополнителни царини за стоки од САД.

Пекинг сега ќе го оданочува американскиот увоз со стапка од 84 отсто, што е зголемување од 50 отсто во однос на претходните кинески царини.

Одлуката доаѓа откако Америка воведе дополнителни 50 отсто царини за кинески стоки претходно оваа недела. Ова уследи по двете претходни мерки од 34 проценти и 20 проценти, така што вкупната американска царина за кинескиот извоз од утринава изнесува 104 проценти, пренесува Индекс.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО