Бизнис

НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ ВО ЛУКСЕМБУРГ, ФРАНЦИЈА, ФИНСКА...

18.04.2025

Зголемувањето на трошоците за живот е главната причина за загриженост на европските граѓани, според анкетата на Евробарометар за 2024 година.

Цените на становите продолжуваат да растат низ целата Европска Унија. Во четвртиот квартал од 2024 година, цените на становите се зголемија за 4,9 проценти во споредба со истиот период од претходната година, додека кириите се зголемија за 3,2 проценти. На годишно ниво, растот на цените на становите во ЕУ изнесуваше 3,3%, додека кириите се зголемија за 3,1%.

Според податоците на Евростат, просечната годишна промена на цените на становите во ЕУ се движеше минус 5,2% во Луксембург до зголемување од 16,5% во Бугарија.

Освен во Луксембург, пад на цените на становите е забележан и во Франција (-3,7%), Финска (-3,5%), Германија (-1,6%) и Австрија (-0,2%) во 2024 година.

Освен во Бугарија, значителен раст е забележан во Полска (15,0%), Унгарија (12,8%) и Хрватска (10,4%).

Големи скокови на цените се забележани и во Португалија (9,1%), Шпанија (8,5%), Ирска (8,5%) и Холандија (8,2%), пренесува Блиц.

ПРЕПОРАЧАНО