Бизнис

ЗА БИРОКРАТСКИ ПРОЦЕДУРИ МАЛИТЕ КОМПАНИИ ВО ГЕРМАНИЈА ТРОШАТ 61 МИЛИЈАРДА ЕВРА

25.04.2025

Малите и средните претпријатија во Германија годишно само на бирократски процедури  трошат 61 милијарда евра.  Според истражувањето на германската банка за развој KfW, вработените во околу 3,8 милиони компании во Германија просечно трошат седум проценти од своето работно време на бирократски процедури. Во една компанија на бирократија месечно во просек се трошат околу 32 работни часа или вкупно 1,5 милијарди работни часови годишно, објавува Бета.

Репрезентативното истражување, кое KfW го спроведува редовно од 2002 година, опфати 10.000 мали и средни претпријатија од сите економски сектори и од сите големини. Според податоците на Заводот за статистика, вкупната просечна цена на работен час во Германија во 2023 година изнесувала 41,30 евра.

Мерено според оваа вредност, минатата година компаниите издвоиле 61 милијарда евра за државни бирократски обврски, што одговара на околу 3,9 проценти од сите годишни трошоци за персонал на малите и средните компании.

Истражувањето покажа дека самовработените имаат највисоки бирократски трошоци. Во просек, тие користат 8,7 проценти од своето работно време за извршување на бирократски задачи, а со зголемувањето на бројот на вработени во компаниите, тоа време поминато во нив се намалува, пренесува Бизнис.рс.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО