Lifestyle
НАЈДОБРА ЗЕМЈА ЗА ЗАПОЧУВАЊЕ НА НОВ ЖИВОТ Е...
26.04.2025
Исланд е прогласена за најдобра земја за луѓе кои сакаат да започнат нов живот во 2025 година. Оваа нордиска земја го освои првото место со вкупен резултат од 58,4 од можни 100 поени, оценети врз основа на 24 клучни критериуми, вклучувајќи ја економската сила, трошоците за живот, квалитетот на здравствената заштита и јавниот превоз.
Меѓу десетте најатрактивни земји за имиграција доминираат европски земји како што се Швајцарија, Луксембург, Норвешка, Ирска, Данска и Холандија.
Велика Британија e на 19-то место, зад Соединетите Американски Држави кои го зазедоа седмото место.
Јужна Кореја беше оценета како најдобра во здравствената заштита, веднаш по неа следеше Австралија. Шри Ланка го освои првото место во образованието, благодарение на екстремно ниските трошоци за грижа за деца од само 354,60 долари годишно.
Луксембург се издвои како лидер кога станува збор за јавниот превоз, додека Обединетите Арапски Емирати беа прогласени за најбезбедна земја. Велика Британија се пласираше меѓу првите десет само во категоријата заштита на животната средина.
Финска е прогласена за најсреќна нација во светот осма година по ред. На врвот на извештајот за светската среќа доминираат нордиските земји. Данска е втора, Исланд е трета, а Шведска е четврта.
На самото дно на листата на најнесреќни земји повторно е Авганистан, додека последните места ги заземаат: Сиера Леоне, Либан, Малави и Зимбабве, пренесува Курир.
фото freepic