Lifestyle
Samsung TV во срцето на вашиот паметен дом
28.04.2025г
Сите иновативни функционалности и дизајнот на телевизорот денес играат клучна улога во обликувањето на ентериерот на домот, правејќи го модерен и tech уред, кој покрај основната негова улога за гледање на содржини, претставува и паметен уред кој интегрира функции со кои се поврзува со останатите паметни уреди кои ги користите дома. Денес, телевизорите се и стилски елементи кои совршено се вклопуваат во секој дом. И кој, ако не Samsung, е мастер-мајнд за совршената симбиоза помеѓу иновациите и функционалноста од една, и беспрекорната естетика од друга страна.
SmartThings: интуитивно управување со домот преку вашиот телевизор
Платформата SmartThings на Samsung може да го трансформира вашиот телевизор во централна точка на паметниот дом, овозможувајќи ви беспрекорна интеграција и интуитивно управување со сите поврзани уреди. Со SmartThings, телевизорот станува хаб за лесно управување со различни паметни уреди во домот, од светла и термостати до безбедносни камери и апарати за домаќинството, сè преку екранот на телевизорот.
SmartThings TV Quick Panel е ненаметлив интерфејс на екранот на вашиот телевизор за брз пристап до важни функции преку далечинскиот управувач, овозможувајќи ви да управувате со уредите, да ги прегледувате камерите, како и сеопфатен преглед на домот, вклучувајќи информации за поврзаните уреди и потрошувачката на енергија, а сето тоа ја подобрува целокупната паметна домашна услуга. Оваа интеграција ги поедноставува секојдневните рутини, правејќи го мониторирањето и управувањето со вашето домашно опкружување многу поудобно, без прекин во нивното работење.
Внесете ја OLED технологијата во вашиот дом
Samsung OLED телевизор од вашиот дом ќе направи фантстично кино, комбинирајќи OLED технологија со самоосветлувачки пиксели за беспрекорен контраст и неверојатни бои. Со Quantum OLED HDR Pro и Quantum Dot технологија, овие телевизори обезбедуваат живописни и реалистични бои, а Neural Quantum 4 AI Gen2 процесорот автоматски ги оптимизира сите содржини, донесувајќи ги до 4K резолуција.
Погледнете го на пример, дизајнот на моделот OLED S95D - едноставен и елегантен, со модерен и минималистички израз на Infinity One тенка рамка и лесно монтирање на ѕидот со One Connect каде сите приклучоци и кабли се организирани и скриени, оставајќи го екранот чист и минималистички. Овој прекрасен OLED TV можете да го имате во големина од 55, 65 или фантастични 77 инчи, обезбедувајќи ви беспрекорно гледачко искуство; гејмерите со помош на функцијата Motion Xcelerator 144 Hz добиваат ултранепречена акција, брза слика без заматување, како и автоматска оптимизација на поставките предводена од ВИ. Object Tracking Sound+ и Dolby Atmos создаваат импресивен surround звук што го следи движењето на објектите на екранот, за потопно и автентично доживување. Како дел од Samsung Smart Hub, овозможен е пристап до сите ваши омилени апликации, а со интеграцијата на SmartThings, можете лесно да управувате со сите паметни уреди во домот директно од телевизорот. Со Bixby, Alexa и Google Assistant гласовната контрола ви овозможува безбедно и удобно управување.
Само за вљубениците во уметноста – The Frame
Samsung The Frame телевизорот е совршен спој на технологијата и уметноста, дизајниран да изгледа како уметничка слика кога не го гледате. Со својот стилски и тенок дизајн, The Frame може да се монтира на ѕид и да се вклопи во секој простор, претворајќи го во мини-галерија. Кога е исклучен, телевизорот покажува висококвалитетни уметнички дела благодарение на Art Mode, овозможувајќи ви да изберете од милиони слики и фотографии од Samsung Art Store. Сликата е кристално јасна со QLED технологија, која обезбедува извонредни бои потврдени од Pantone, милијарда нијанси од една боја благодарение на технологијата Quantum Dot и детали без отсјај на фантастичниот мат екран. Минималистичкиот концепт на дизајнот на модерниот и елегантен телевизор The Frame нуди магнетни рамки во разни бои, за едноставно да ја прикачите онаа што одговара на вашиот стил, при што елегантните прави линии го овозможуваат беспрекорниот финиш на ултра-модерниот дизајн. А со изборот на совршената рамка кој ќе го направите, можете да го прилагодите со тоновите на боите и стилот на вашиот домашен ентериер.
Сега можете да ги комбинира најдобрите визуелни технологии, моќниот звук и иновативните паметни функции како SmartThings во едно импресивно пакување. Подигнете ја вашата домашна забава на следното ниво и да доживејте го секој филм, игра, спортски натпревар или концерт како да сте таму. А ако сте љубител на огромните телевизори, искористе ја промотивната понуда на Samsung и одберете го вашиот идеален 98-инчен телевизор и добијте бесплатна достава и монтажа. Повеќе детали за промоцијата прочиајте тука.