Lifestyle
ПАТУВАЊЕ ВО НЕПОЗНАТИ ДЕСТИНАЦИИ СТАНУВААТ ПОПУЛАРНИ ЗА ЕВРОПЕЈЦИТЕ
19.05.2025
Феноменот на таканаречените мистериозни летови сè повеќе го освојува светот, а шведската авиокомпанија САС распродаде едно такво патување за само четири минути.
- Патувањето е поврзано со откривање, а „непознатата дестинација“ е дизајнирана да ја разгори возбудата од истражувањето нови и неочекувани места. Има нешто магично во тоа да се качите на авион без да знаете каде ќе слетате, рече Арон Бакстром, потпретседател за производи и лојалност во SAS.
Овој концепт првпат беше претставен во 2024 година, кога целиот авион беше исполнет со патници кои летаа за Атина без никакви информации. Реакциите на патниците беа ентузијастички: 96% од учесниците рекоа дека би го повториле искуството.
Годинава, авионот полета од Копенхаген, а дестинацијата беше Севиља. Никој од патниците не го знаеше ниту градот ниту хотелот каде што ќе престојуваат. Тие можеа да ја изберат само категоријата на сместување, но без конкретни информации за локацијата.
Овој вид патување станува сè попопуларен меѓу Европејците и низ целиот свет. Луѓето се уморни од планирање – истражување на илјадници опции, прегледи и хотели. Просечниот патник разгледува дури 141 веб-страница пред да одлучи каде да оди на одмор. Наместо слобода, тие се соочуваат со конфузија.
Компаниите низ цела Европа го прифаќаат трендот. Германска компанија им овозможи на патници од Франкфурт да изберат мистериозен лет според нивниот стил на патување, пренесува Мондо.
Компаниите генерално даваат основни упатства како што се временските услови на дестинацијата, но не ја откриваат локацијата. Затоа се препорачува пакување како за класично четиридневно патување:
• слоевита облека,
• удобни панталони,
• јакна и удобни чевли.
фото freepic