Lifestyle

Тениската Федерација на Македонија е домаќин на Светското првенство во тенис за мажи DAVIS CUP Europe Group III

Тениската Федерација на Македонија е домаќин на Светското првенство во тенис за мажи DAVIS CUP Europe Group III. Овој значаен турнир со репрезентативен карактер ќе се одржи во Тенискиот клуб ЈУГ во Скопје со почеток од 10ти до 14ти јуни 2025 година. Покрај нашата репрезентација во борба за влез во погорната група ќе се сретнат и репрезентациите на Ерменија, Малта, Латвија, Црна Гора и Молдавија.

За нашата репрезентација учество ќе земат најдобрите тенисери Берк Бугариќ, Калин Ивановски, Амар Хусеиновиќ и младиот Кристијан Јанев.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано