Lifestyle
Германската полиција постави „невидливи стапици“ за камионите со прекумерна тежина- за возачите високи казни до 450 евра
06.06.2025
Секоја година во Германија се откриваат илјадници камиони кои се движат со прекумерна тежина на германските автопати возат со прекумерна тежина, со што се загрозува безбедноста во сообраќајот и се уништува и веќе дотраената инфраструктура. Само во 2024 година, Федералната канцеларија за логистика и мобилност (BALM) контролираше повеќе од 146.000 камиони. Повеќе од 16.000 од нив беа значително преоптоварени, понекогаш и за неколку тони.
Ваквите возила се потешки за управување, помалку сопираат, повеќе ги оптоваруваат гумите и оските и го забрзуваат пропаѓањето на старите мостови во Германија.
Но германската полиција применува „невидливи стапици“, односно целосно автоматските системи за контрола за мерење на тежината на камионите. За пречекорувањата на носивоста на возилата се наплатуваат казни до 450 евра.
Централниот дел од новиот систем за контрола се состои од две електрични мерни ленти, кои се вградени во површината на патот. Кога возилото поминува преку нив, материјалот под притисок создава електричен импулс. Колку е поголем товарот, толку е посилен сигналот. Доколку поврзаниот компјутер препознае дека ограничувањето на тежината на товарното возило е надминато, неговата регистарската табличка ќе се појави на LED дисплејот на неколку стотици метри оддалеченост - заедно со покана да се однесе возилото до следната станица за одмор.
Тука, вработените во Федералната канцеларија за логистика и мобилност (BALM) повторно ја проверуваат тежината, овој пат на калибрирана контролна вага. Доколку се надмине дозволената вкупна тежина, следуваат казни од 30 до 452 евра. Доколку вишокот надмине пет проценти, понатамошно возење е дозволено само откако ќе се истовари вишокот товар. За да се обезбеди доволен простор за ова, во моментов се градат дополнителни паркинг места на местата за одмор, пренесува Пословни дневник.
фото илустрација