Економија

КАНАДА И ЕВРОПСКАТА УНИЈА ПРОФИТИРАА ОД ДОГОВОРОТ ЦЕТА

Европска комисија денеска ги презентираше податоците за трговскиот договор меѓу Европска Унија и Канада (ЦЕТА), истакнувајќи оти Договорот довел до зголемен извоз и диверзифицирани синџири на снабдување.

Студијата на независни експерти докажува дека отворената, предвидлива, заснована на правила и кооперативна трговија функционира, се наведува во соопштението на ЕК.

Директните придобивки од Договорот од неговата привремена примена во 2017 година вклучуваат зголемување од 71 отсто во билатералната трговија со стоки и услуги (од 72,2 милијарди евра во 2016 година на 123 милијарди евра во 2023 година); зголемување од 64 проценти на извозот на стоки од ЕУ; и зголемување од 81 отсто на извозот на услуги од ЕУ во Канада.

Растот на бруто домашниот производ (БДП) на ЕУ е за 3,2 милијарди евра повисок секоја година од склучувањето на договорот (1,3 милијарди евра секоја година за БДП на Канада).

Вредноста на владините договори што им се достапни на компаниите од ЕУ во Канада е за 8,4 отсто поголема од стапувањето во сила на ЦЕТА. 


Извор/фото МИА

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано