Lifestyle
Илиевски утре ќе биде промовиран во нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација
16.06.2025г
Марјан Илиевски утре ќе биде промовиран во нов селектор на сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија.
Илиевски се договори со раководството на федерација да ја преземе селекторската позиција од Александар Јончевски.
Поранешниот кошаркар и тренер во минатото соработуваше со претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Томица Главчев во тимот на Блокотехна.
Промоцијата на Илиевски ќе се случи утре на прес-конференција закажана за 12 часот.
Првиот предизвик за македонската репрезентација со Илиевски на селекторското место ќе бидат претквалификациите за Светското првенство 2026 во август годинава. Македонија е во група со Романија и Унгарија, а пласман во главните квалификациии обезбедуваат двете првопласирани.
Фото: КК Пелистер