Lifestyle
Објавенa нова листа на најдобрите градови за живеење во 2025 година. Виена повеќе не е на првото место
18.06.2025
Австриската престолнина која беше три години на врвот на листата на најдобри градови за живеење, го преостапи лидерското место на Копенхаген. Данската престолнина го освои првото место на најдобрите градови за живеење во светот за 2025 година, кое беше објавено во вторник, според рангирањето кое го прави Economist Intelligence Unit (EIU).
Оваа организација, која е сестринска организација на списанието The Economist, рангираше 173 градови низ целиот свет врз основа на низа фактори, вклучувајќи: здравство, образование, стабилност, инфраструктура и животна средина. Копенхаген триумфираше откако доби „совршени“ оценки за стабилност, образование и инфраструктура, додека Виена го делеше второто место со швајцарскиот град Цирих.
Австралискиот Мелбурн го задржа четвртото место, додека швајцарската Женева е петта на листата. Веднаш надвор од првите пет, Сиднеј, Австралија, се искачи на листата на шестото место, додека јапонскиот град Осака и новозеландскиот Окленд го делеа седмото место. На деветтото место е Аделаида, третиот австралиски град кој се пласира меѓу првите 10, додека канадскиот Ванкувер го освои 10-то место.
Иако австрискиот град постигна добри резултати во повеќето категории, неговиот резултат во категоријата стабилност значително падна, додека Копенхаген постигна високи резултати во сите делови. Остриот пад на оценките за стабилност се припишува на неодамнешните инциденти во Виена, вклучително и заканата со бомба на концертот на Тејлор Свифт минатото лето, што доведе до откажување на настанот, пренесува Индекс.хр.
Дамаск во Сирија сè уште е рангиран како најмалку погоден за живеење во светот. Триполи во Либија е рангиран веднаш над него. Главниот град на Бангладеш, Дака, беше трет од дното, додека пакистанскиот Карачи и алжирскиот Алжир беа рангирани како четврти и петти.
Десетте најдобри градови за живеење во 2025 година:
1. Копенхаген, Данска
2. Виена, Австрија
3. Цирих, Швајцарија
4. Мелбурн, Австралија
5. Женева, Швајцарија
6. Сиднеј, Австралија
7. Осака, Јапонија
8. Окленд, Нов Зеланд
9. Аделаида, Австралија
10. Ванкувер, Канада
фото freepic