Lifestyle

МОЖЕ ЛИ КАФЕТО ДА ВИ ГО ПРОДОЛЖИ ЖИВОТОТ?

Нова научна студија покажува дека пиењето кафе без адитиви, како што се млеко, павлака или шеќер, може да биде поврзано со помал ризик од предвремена смрт. Според резултатите од истражувањето спроведено од Универзитетот Тафтс, црното кафе без адитиви значително придонесува за долговечноста, додека овој позитивен ефект се губи штом во пијалокот се додаде млеко, шеќер…

- Со оглед на тоа што речиси половина од возрасните пијат барем една шолја дневно, важно е да се разбере неговото влијание врз здравјето, велат авторите на студијата.

Здравствените придобивки веројатно доаѓаат од биоактивните соединенија во кафето, но дека адитивите како шеќер и заситени масти можат значително да ги намалат тие придобивки.

Истражувањето користело податоци од 46.000 возрасни лица од 1999 до 2018 година, во комбинација со национална статистика за смртност, за да се испита влијанието на различните навики за консумирање кафе, објави Индекс.хр.

Резултатите покажаа дека пиењето барем една шолја кафе со кофеин дневно може да го намали ризикот од смрт за 16%, додека кај оние кои пијат 2 до 3 шолји имаат намалување на ризикот за дури 17%. Консумирањето поголеми количини не покажало дополнителни придобивки, а кај луѓето кои консумираат повеќе од три шолји дневно, ефектот е дури и намален, особено кога станува збор за срцеви заболувања.

Докажано е дека минимално додаденото кафе може да има заштитен ефект  намалувајќи ја смртноста за околу 14% во споредба со оние кои не пијат кафе. Сепак, овој ефект целосно исчезнува кај оние кои консумираат кафе со поголеми количини шеќер и заситени масти, пренесува Бизнис и финансии.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано