Lifestyle

Казни од 1.000 до 33.000 евра за непрописно паркирање пред градското пристаниште во Сплит

Од понеделник, Управата на пристаништето во Сплит  започна со спроведување на зголемени мерки за следење и изрекување законски пропишани казни за нелегално паркирање во подрачјето на Градското пристаниште.

Како што наведуваат, честите прекршувања на сообраќајните правила, особено паркирањето мотоцикли на шеталиштето пред зградата на Поморскиот патнички терминал (ППТ) и личните возила на оперативните зони, сериозно ја загрозуваат безбедноста и функционирањето на пристаништето, а воедно претставуваат и прекршување на законите и прописите.

Пропишаните казни се високи и се движат од илјада евра за физички лица до 33 илјади евра за правни лица.

Сплитската пристанишна управа ги повика корисниците на пристаништето да ги почитуваат прописите и да се однесуваат одговорно со цел да се заштитат сите учесници во поморскиот сообраќај и да се обезбеди непречено одвивање на пристанишните операции.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано