Lifestyle

ЕВРОПА ГО „ПРЕЖИВЕА“ ТРЕТИОТ НАЈТОПОЛ ЈУНИ НА ПЛАНЕТАТА

Минатиот месец беше третиот најтопол јуни на планетата во евидентираната историја, зад истиот месец во 2024 и 2023 година, објави во среда Службата за климатски промени „Коперникус“ на ЕУ. Западна Европа го доживеа својот најтопол јуни досега, при што поголемиот дел од регионот доживеа „многу сериозен топлотен стрес“ - дефиниран со услови што се чувствуваат како температури од 38 степени Целзиусови или повеќе, информираат од  „Коперникус“.

„Во светот што се затоплува, топлотните бранови веројатно ќе станат почести, поинтензивни и ќе влијаат на повеќе луѓе низ Европа“, изјави Саманта Бургес, раководителка на климатската стратегија на „Коперникус“.

Истражувачите од Европскиот институт за здравство објавија во 2023 година дека дури 61.000 луѓе можеби починале во жешките топлотни бранови во Европа во 2022 година, според ново истражување, што сугерира дека напорите на земјите да се подготват за топлината се фатално недоволни.

Претходниот најтопол јуни на планетата беше 2024 година, а вториот најтопол беше 2023 година, објави Службата за климатски промени „Коперникус“ .

Топлотните екстреми беа особено изразени во Европа, која се затоплува неколку пати побрзо од глобалниот просек.

Милиони луѓе беа изложени на висок топлотен стрес низ целиот континент, бидејќи просечните дневни температури во Западна Европа се искачија на нивоа ретко видени порано - и никогаш толку рано во лето, пишува АФП. 

Неколку земји регистрираа површински температури над 40 степени Целзиусови, при што топлината достигна 46°C во Шпанија и Португалија.

Два топлотни бранови - од 17 до 22 јуни, а потоа повторно од 30 јуни до 2 јули - беа поврзани со топлински куполи кои го заробија топлиот воздух над погодените региони, продолжувајќи го жешкото време и влошувајќи ги условите за загадување и шумски пожари. 

Португалија, Шпанија, Франција, Италија и поголемиот дел од Балканот забележаа едни од највисоките индикатори кои го мерат влијанието врз човечкото тело земајќи ги предвид факторите како што се влажноста и температурата. 

Температурите на површината на морето низ западниот Медитеран беа „исклучително високи“ за месецот, околу 5°C над просекот во некои области, при што температурите се искачија на рекордни 27°C на 30 јуни.

Топло време ги зафати делови од Соединетите Американски Држави, додека во Кина 102 метеоролошки станици го регистрираа најжешкиот јунски ден досега, при што некои измерија над 40°C, според државните медиуми, објави Сеебиз.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано