Економија
Пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
13.07.2025
Пуштени се во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево - Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун. На пуштањето во употреба присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека не станува збор само за пуштање во употреба на автопатска делница, туку момент на враќање на вербата и доказ дека кога ќе се преземе одговорноста со чиста совест и искрена намера тогаш промените се случуваат.
- Само една година откако ја презмавме одговорнoста да ја водиме државата успеавме да го откочиме еден од најголемите и најзаглавените инфраструктурни проекти во Македонија. Проект кој со години стоше како симбол на застој, срамна слика за држава што такпа во место, а денес е симбол на новото време, рече Мицкоски.
Вицепремиерот и министерот за транспорт и врски Александар Николоски се согласува дека овој автопат јасно ја покажува разликата меѓу сегашната и минатата Влада.
Големо задоволство е, нагласи Николоски, да ги видиме првите 20 километри во реалност како може да ги користат граѓаните од цела Македонија, побрзо да се патува и до Тетово и до Гостивар и до Скопје, да се поврзе Македонија со Албанија и секако да се отворат големите туристички центри Охрид и Струга за сите кои сакаат да ги посетуваат.
Тој се надева дека за многу скоро време ќе биде завршен и вториот дел и до крајот на идната година и целиот автопат. Вкупната должина на автопатот изнесува 57 километри.
Извор/фото МИА