Економија
ОД ОКТОМВРИ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО СРБИЈА СЕ ЗГОЛЕМУВА ЗА 9,4 ОТСТО
15.07.2025
Минималната цена на трудот во Србија од октомври ќе се зголеми за 9,4 oтсто и ќе изнесува 58.630 динари
Минималната цена на работата во Србија ќе биде повисока за 9,4 проценти од октомври и ќе изнесува повеќе од 500 евра, беше договорено на состанокот на Социјално-економскиот совет (СЕС) на Србија.
Првиот вицепремиер и министер за финансии Синиша Мали изјави дека со вонредно зголемување, минималната плата од октомври ќе се зголеми од 53.592 динари на 58.630 динари, односно од 450 евра на 500 евра.
Тој изјави дека цената на работниот час ќе се зголеми од 308 на 337 динари.
Според него, отворена е и темата за зголемување на минималната плата во Србија од 1 јануари, а предлогот на Владата на Србија е зголемувањето да биде 10,1 процент.
- Со ова зголемување, минималната плата од 1 јануари 2026 година би изнесувала 550 евра. Ќе започнеме преговори за ова кон крајот на август, почетокот на септември, рече Мали, објави РТС.
фото freepic