Неверојатeн и редок камен од Марс, кој е најголем досега пронајден на Земјата, продаден е за 3,9 милиони евра на аукција во Њујорк.
Метеоритот познат како NWA 16788 тежи 24,5 килограми и е долг речиси 38,1 сантиметри.
Откриен е во оддалечен регион на Нигер во ноември 2023 година. Метеоритите се карпести остатоци што остануваат откако астероид или комета ќе помине низ атмосферата на Земјата.
На Земјата се пронајдени околу 400 метеорити со потекло од Марс.
Сè уште не е јасно каде ќе заврши метеоритот, бидејќи информациите за купувачот се заштитени.
Со дополнителните даноци и такси вкупната цена на каменот се зголеми на околу 4,6 милиони евра.
На аукција на која беа вклучени повеќе од 100 предмети, скелет на кератосаурус од доцниот јура период беше продаден за 22 милиони евра, а череп на пахицефалосаурус за 1,2 милиони евра, пренесува ББС њуз на српски јазик.