Lifestyle

ДОБРА МОЖНОСТ АКО САКАТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ НА ОСТРОВ, Ирска дава високи субвенции за доселениците

Владата на Ирска им исплаќа до 70.000 евра на луѓето кои се заинтересирани да живеат на еден од нејзините оддалечени острови на западниот брег на земјата. На крајот на јуни, ирските власти ја обновија програмата „Нашите живи острови“, која започна во 2023 година и ќе трае до 2033 година . Целта на ирската влада е да се спречи  депопулацијата преку мерки како што е исплата на парични стимулации за луѓето кои се преселуваат на еден од 23-те ретко населени острови во земјата.

Лицето не треба  да биде ирски државјанин за да аплицира за стимулацијата, но мора да ги исполнува постојните правила за виза. Меѓу достапните острови се Аран, Клер, Дарси, Иништурк, Инишбофин и Бер, меѓу другите. Според податоците од 2016 година на 23-те острови, кои се  вклучени во програмата има население од само 2.734 жители,. Овие места се познати по нивната прекрасна и рустична крајбрежна линија.

Финансиските стимулации се наменети за реновирање на куќите што се купени на островите. Како и со програмата „куќа за 1 евро“ во Италија и Франција, куќите на оддалечените ирски острови се во лоша состојба и бараат реновирање.

Купувачите на недвижен имот на островите мора да се обврзат да живеат во него како нивно главно живеалиште или да го стават на располагање за долгорочен закуп во соработка со локалните власти, пренесува Блиц.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано